ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заменик-градоначалникот на Град Скопје поднесе неотповиклива оставка

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајковски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Advertisements

Оставката, како што наведува, ја поднесува поради неконзистентноста на јавните политики, неконзистентоста во департизацијата на јавните претпријатија, неконзистентоста во назначувањето и именувањето на директори на јавните претпријатија, поради целосно напуштање на програмата за модерно Скопје, поради безидејноста во справување со проблемите на градот и општините, поради незрелата политичка пресметка со сите градоначалници на општините освен Сарај и неистомислениците.

– Според обврските и овластувањата кои ни ги дозволува Деловникот за работа на Советот на Град Скопје, се обидував постојано да предлагам конструктивни решенија. За жал, со горчина и разочарување можам само да споделам дека ниту еден мој предлог не бил прифатен ниту реализиран. Деловникот за работа ниту еднаш не го прекршив, а посочував и се борев кога други колеги го правеа тоа свесно или несвесно. Ревносно се борев за изгласување на годишните буџети на градот и програмите на јавните претпријатија, преговарав, дебатирав и аргументирано убедував колеги советници да ги поддржат и да ги гласаат предложените програмски и буџетски точки. Да ми кажеше некој тогаш дека сево ова го правам за да со град Скопје и јавните претпријатија раководи и владее екипа од Сарај и ДУИ уште веднаш ќе одбиев, пишува Трајковски во подолг статус на Фејсбук.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button