ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заминување на Таравари од Владата; Мицкоски вели дека во текот на неделата ќе се сретне со лидерите на коалицијата ВЛЕН

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот на неделата ќе се сретне со лидерите на коалицијата ВЛЕН за да разговараат за сите случувања по заминувањето на Таравари од Владата.
На прашањето што ќе се случи со другите функционери од фракцијата на АА на Таравари, кои сè уште држат раководни позиции, Мицкоски рече дека сè ќе се знае во текот на оваа недела.