МАКЕДОНИЈА

Замрзнат имотот на поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски

Кривичниот суд го замрзна имотот и сметките на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Обвинителството побарало, а судот прифатил имотот на малолетните деца на Рашковски да не смее да се продава или дава под залог сè додека трае истрагата против него затоа што со спроведувањето јавни постапки, евентуално е направена штета врз буџетот од речиси 290 илјади евра. Во предметот како оштетена страна се јавува државата. Инаку Алсат уште пред повеќе од два месеца објави дека семејството Рашковски ќе гради луксузна хациенда во викенд населбата Побожје на Скопска Црна Гора, а како инвеститори се јавуваат неговите две малолетни деца. Дополнително тогаш Алсат објави и дека целиот свој имот Рашковски им го префрлил ним.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button