ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Замрзнувањето на цените нема да важи по 1 јуни

Мерките за замрзнување на цените на производите од први јуни нема да важат. Анализите на Министерството за економија покажале дека производите веќе се продаваат по пониски цени и затоа мерката нема да биде продолжена. Доколку има повторно драстично зголемување на цените повторно ќе се интервенира со истите мерки, вели министерот Крешник Бектеши.

Advertisements

„Повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнува кое го имавме претходно. Нагло се намалува инфлацијата во С Македонија, особено во делот на прехранбените производи и очекуваме во јуни да имаме пониска инфлација од 10 проценти, а секако да бидеме во состав на тоа што е проектирано од страна на Министерството за финансии и Народната банка, иако согласно последните податоци јас мислам дека ќе бидеме под нивото од проекциите“, рече Бектеши.

Замрзнувањето на цените на производите започнаа како мерка уште претходната година на различни основни прехранбени производи. Поради ограничувањето, дел од производите ги немаше на рафтовите, а дел останаа со исти високи цени и покрај владините мерки. Последното замрзнување се однесуваше на поголемиот дел од зеленчукот и овошјето. На пазарите сега овие производи се продаваат по двојно пониска цена. Но, трговците велат дека за тоа немале влијание владините мерки, туку производителите и увозниците сами ги намалиле цените.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button