ЕКОНОМИЈА
Занаетчиите да работат и во недела, бара Занаетчиската комора

Занаетчиската комора бара сопствениците на дуќани да можат да работат во недела поради тоа што станува збор за самостојните вршители кои не експлоатираат ничиј труд. Ставовите ги изнесе извршната директорка на Занаетчиската комора, Скопје, Анита Атанасовска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.
„Ставот на Занаетчиската комора е дека занаетчиите регистрирани согласно законот можат да работат во недела. Тоа се газдите, затоа што согласно законот, тие не се работници, не експлоатираат ничиј труд и сметаме дека можат да ги отворат вратите на дуќаните во недела“, вели Атанасовска.