ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Занаетчиството исчезнува, недостигот од работници во многу сектори се продлабочува

Некои занаети изумираат поради недостаток на работници. Столари има се помалку, бидејќи голем дел од активностите сега се извршуваат со модерни машини за обработка на дрво. Дефицитарни се и месарите, пекарите но и ѕидари, гипсари, плочкари, водоинсталатери, на кои веќе не им е доволна ниту плата од 500-700 евра, велат од Стопанската комора. И покрај ваквата состојба на пазарот на трудот, од Стопанската комора велат дека нема интерес за преквалификација и доквалификација и дека на ваквата обука, иницирана од Комората, учествувале само 15 лица, бидејќи морале да ги задржат своите работни места.

Advertisements

Во 2021-2022 година, работодавачите се соочиле со недостиг на работници во 28 занимања во повеќе сектори. Но од комосрата велат дека освен во фирмите, недостигот се чувствува и во домаќинствата, кога занаетчија се чека со недели и месеци.

Според податоците на Евростат, во Европската унија 35% од возрасните учествувале на обуки за развој на работни вештини, додека кај нас оваа бројка е само 2,5%.

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button