МАКЕДОНИЈА

Западен Балкан како дел од ЕУ не може да се замисли без улогата на Франција

Генц Чобани, преведувач во Франција, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат,  зборуваше за тоа што значи победата на Макрон за Западен Балкан. Како што вели тој, аспирацијата на Западен Балкан да биде дел од ЕУ не може да се разбере без улогата на Франција.

Advertisements

„Ако зборуваме за Западен Балкан и неговите аспирации да биде дел од Европската унија, тоа не може да се разбере без улогата на Франција и покрај идејата дека Франција е подалеку од Западен Балкан отколку Германија и така натаму. На крајот на краиштата, Западен Балкан претендира да биде дел од заедничко тело во ЕУ, што не може да се замисли без улогата на Франција. Да не заборавиме дека Франција е втора економска сила во ЕУ, по Германија, но таа е прва дипломатска и политичка сила“, рече Чобани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button