СВЕТ

Западот не ја признава руската анексија на Донбас, Херсон и Запорожје

Западот не ја признава руската анексија на Донбас, Херсон и Запорожје

Соопштението на рускиот претседател Владимир Путин дека четири региони на Украина сега веќе се дел од Русија беше остро осудена од САД, Европската унија и многу други земји. Соединетите Американски Држави и Обединетите нации соопштија дека нема да ги признаат резултатите од таканаречените референдуми за обединување со Русија. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека никогаш нема да ги признае руските претензии кон украинската територија.

„Сакам да бидам многу јасен, САД никогаш, никогаш, никогаш, баш никогаш нема да ги признаат руските претензии кон суверената територија на Украина“, рече Џо Бајден, претседател на САД.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека анексијата значи „опасна ескалација“ што ќе им наштети на напорите за мир. Секоја одлука за преземање контрола врз Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Украина, нема вредност и треба да биде осудена, рече тој.

„Повелбата на ОН е јасна: Секое анексија на територија на една држава од страна на друга држава како резултат на закани или употреба на сила е кршење на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Вашингтон и Европската унија подготвија дополнителни санкции за да ја изолираат Русија. Британската премиерка Лиз Трас го критикуваше Путин за непочитување на животите на украинскиот народ во регионите што тој тврди дека ги претставува.

„Обединетото Кралство никогаш нема да ја игнорира суверената волја на овие луѓе и никогаш нема да прифатиме дека регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се нешто друго, освен украински територии“, рече Лиз Трас, премиерка на Велика Британија.

Инаку, војната во Украина самиот Путин ја нарече „специјална воена операција“, но за демилитаризација на Украина./Alsat.mk

Исуф Кадриу

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button