СВЕТ

Западот поделен околу одлуката на Меѓународниот суд за апсење на Нетанјаху

Одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но и лидерите на Хамас, поради воени злосторства, причини поделби во западниот свет. Главниот обвинител Карим Кан вчера соопшти, дека врз основа на прибрани докази, имаат сомневања дека Нетанјаху, но и израелскиот министер за одбрана, овозможиле злосторства против човештвото во Палестина. Нетанјаху негира.

„Г-динот Кан создаде лажна морална еднаквост меѓу водачите на Израел и следбениците на Хамас. Ова е како да се создаде морална еднаквост, по 11 септември, меѓу претседателот Буш и Осама Бин Ладен“, рече Нетанјаху.

Сличен став сподели и американскиот претседател Џо Бајден.

„Го отфрламе барањето на Меѓународниот кривичен суд за потерници против Израел. Што и да имплицираат овие налози, не постои еднаквост меѓу Израел и Хамас“, рече Бајден.

Велика Британија, Чешка и Австрија засега исто така изразија несогласување со одлуката на Меѓународниот кривичен суд, но од друга страна Франција, Белгија и Словенија бараат стриктно спроведување на одлуките. Белгиското МНР соопшти дека злосторствата извршени во Газа мора да се гонат на највисоко ниво, без оглед на сторителите. Од официјален Париз додадоа дека повеќепати повикале на строго почитување на меѓународното хуманитарно право, особено поради загинатите цивили во Газа.

Реагираше и Кина. Според Пекинг, Судот треба да ја задржи објективноста и непристрасноста, а во Газа треба да запре, како што велат, колективното казнување на палестинскиот народ.

4495636  Во меѓувреме, израелските воени власти објавија видео од воени активности, соопштувајќи дека ја засилуваат офанзивата во пограничниот град Рафа. Додека во Газа траат битките на терен, во Тел Авив илјадници Израелци излегоа на протест, барајќи оставка од премиерот Нетанјаху, договор за ослободување на израелските заложници од Хамас, како и прекин на војната.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button