ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запален уште еден автомобил на чувар во „Идризово“

За една година беа запалени пет приватни автомобили и два на полицајци кои работат во затворите во земјата. Досега не е решен ниту еден од случаите, па дури неофицијално се дознава за еден автомобил кој не бил пријавен, а се молчи и за продавница во населбата Маџари во Скопје.

Advertisements

Од Управата за извршување санкции, која е одговорна за редот во затворите и подреденоста на судската полиција, не добивме одговор дали се преземаат чекори за расветлување на овие случаи или не. Институцијата со која води Јовица Стојановиќ и понатаму молчи и покрај многуте напади на чувари, бунтови во затворите и скандали како оној со тунелот во затворот Идризово. Молчи и МВР. Во овој момент не се знае дали некој од предметите е решен или не. Во дневниот билтен на МВР формално е евидентиран настан во неколку реда: „Во с .Кадино на Општина Илинден е опожарен автомобил од типот „Фиат 500“, во дворот на лицето со иницијали Б.Л. Во пожарот нема повредени лица.“

Полициските службеници чии автомобили беа запалени, во своите пријави, изразија сомневање дека мотивите за палењето се директно поврзани со нивната работа и оти станува збор за организирана криминална група против која институциите досега не преземале мерки.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button