Запалено возило „пежо“ во Прилеп, зајакнато полициско присуство

Во Прилеп, во еден часот по полноќ во пожар изгоре патничко моторно возило. На улицата „Киро Нацевски Фетак“ изгоре возило марка „пежо“ сопственост на прилепчанецот со иницијали Р. بلاك جاك 21 Н. на возраст од 65 години. لعب البوكر
Противпожарната единица го изгаснала пожарот, а повредени лица нема, соопштуваат од СВР Битола. Полицијата изврши увид на местото на настанот. لعبت بوكر
Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, потврди дека во градот има зајакнато полициско присуство се додека целосно не се расчистат сите случаи, во кои беа опожарени возила.
Ова, официјално е трето опожарување возила во Прилеп за околу еден месец.
Вчера, рано изутрината беше запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески, во што настрада и возилото на неговиот татко, а пред речиси еден месец беше запалено и возилото на директорот на прилепски комуналец Рубин Абрашоски.