МАКЕДОНИЈА
Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведен маж од Кичево

Жител на Кичево е приведено откако при полициска контрола во неговиот дом биле пронајдени илјадници парчиња пиротехнички средства.
Како што соопштија од МВР:
На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства. Вкупно се запленети 36.576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.