МАКЕДОНИЈА

Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и други работи, информираат денеска од Царинската управа.

Advertisements

Запленети биле пет мобилни телефони „ајфон 16“, откриени на Меѓународниот аеродром – Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. На прашање на царинските службеници, дали има нешто за пријавување за царинска контрола, патникот, кој се пријавил за влез во државата на ВИП-терминалот, одговорил дека носи само слатки за децата. Сепак, била извршена контрола на неговите патни куфери, при што, биле пронајдени мобилните телефони.

Непријавените телефони биле привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– Потоа, четири рачни часовници марка „ролекс“, откриени на Меѓународниот аеродром – Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано. Откако била извршена контрола на багажот, во внатрешноста на ранецот на патничката биле пронајдени часовниците. Непријавените часовници се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението на Царинската управа.

Кога станува збор за девизи, 16.250 евра биле откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ – автопат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button