ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запленети околу 6.200 парчиња пиротехнички средства во Скопје, приведено едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје –  Единица за недозволена трговија, денеска на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, го привеле И.К. од с.Батинци, скопско.

Advertisements

Како што информираат од МВР, тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на ул„192“ на подрачје на Бит Пазар, заплениле 1358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button