ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна полагањето на државната матура, Јаневска со очекувања на објективни резултати

Започна полагањето на државната матура, Јаневска со очекувања на објективни резултати

Првиот државен матурски испит денеска го одржаа повеќе од 15 илјади ученици на државно ниво. Во гимназијата „Цветан Димов“ над 250 ученици го полагаа првиот испит по мајчин јазик. Секретарот на училиштето рече дека првиот тест се одржал според сите прописи.

Advertisements

„Вкупно во нашето училиште ‘Цветан Димов’ оваа година имаме над 250 редовни и вонредни кандидати кои ќе учествуваат на државната матура по албански јазик, а на 11 јуни по англиски јазик. Што се однесува до времето, не. Испитот започна навреме, во 10 часот, сите ученици претходно беа подготвени со прашања и материјали согласно наставниот план за средно образование“ – Вулнет Реџепи секретар во гимназијата Цветан Димов.

По испитот, учениците изјавија дека и покрај тешкотиите, успеале успешно да го завршат тестот. Сите прашања биле од материјалот од изминатите четири години.

Министерката за образование и наука изјави дека очекува добри резултати од првиот испит, нагласувајќи дека годинава правилата се построги, а директорите и набљудувачите нема да ги дозволат сценаријата од претходните години, кога учениците препишуваа, имаа исти одговори и есеи.

Од вкупно 15 илјади ученици пријавени за државната матура, над 8 илјади се од средните стручни училишта, околу 6 илјади од гимназиите и над 200 од уметничките училишта. За денешниот прв испит, пријавени се 9969 ученици за македонски јазик, 4339 за албански, 292 за турски и 10 за српски јазик. Вториот испит, кој е изборен, ќе се одржи на 11 јуни. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button