ФУДБАЛ

Започна пролетната сезона во ПМФЛ

Со натпреварот помеѓу Академија Пандев и Работнички започна пролетната сезона во ПМФЛ. Сепак, пролетната сезона не донесе добри услови за фудбалот, бидејќи натпреварот во Струмица се играше при снежни врнежи. Решавачкиот момент на овој натпревар беше во 79 – та минута, кога Стојкоски го постигна победничкиот гол за тимот на „Романтичарите“. Утре ќе се одиграат другите пет натпревари од 19 – то коло. Во Кратово, Силекс ќе ја пречека Шкендија од Тетово, додека во Велес, Борец игра со ФК Шкупи. Во другите натпревари, Струга Трим Лум ја предизвикува Македонија Ѓ.П., Ренова во Тетово игра со Беласица, додека Вардар со Пелистер. Сите натпревари од 19 коло ќе започнат во 14 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button