Започна реконструкцијата на патот од Шемшово до Желино во Општина Јегуновце

Градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Р 2242 од Шемшово до Желино во рамки на Општина Јегуновце започнаа денеска, инфомираат од локалната самоуправа. Патот е со должина од 5,5 километри.
“По регулирање на патот со прв слој и нивелирање на страничните делови, во наредните денови ќе следува целосно асфалтирање на регионалниот пат. Како градоначалник денеска, на првиот ден, извршив увид на активностите и констатирав дека работите се одвиваат непречено и според планираната динамика. За краток период жителите на Општина Јегуновце ќе можат да го користат новиот рехабилитиран регионален пат што со години беше во лоша состојба”, порача градоначалникот Димитар Костадиноски.
Општина Јегуновце, најави тој, наскоро започнува со градежни активности и на други локални и регионални патни правци и улици во населените места.
Средствата за реконструкција на регионалниот пат се обезбедени од страна на Јавното претријатие за државни патишта.