ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна запишувањето на првачињата во училишата

Меритон и Хава се меѓу првите деца кои се запишаа во прво одделение во основното училиште „Хасан Приштина“ на Општина Чаир. Полни со емоции тие пред камерата на Алсат раскжуваат што зборувале со училишниот психолог за да докажат дека се подготвени да станат првачиња.

Advertisements

За да се запише дете во прво одделение, родителите мора однапред да ги комплетираат следниве документи: потврда за примени вакцини, потврда од стоматолог и офталмолог и фотокопија од лична карта од родителот. Во меѓувреме, за децата со посебни потреби, исто така, е потребно мислење од комисијата за образовна и социјална поддршка според Меѓународна класификација. Психологот Незир Бектеши рече дека покрај редовната настава, постои голем интерес и за целодневна настава.

„Врз основа на листата што доаѓа од Министерството за внатрешни работи, планираме да примиме 140 или 150 ученици, засега сме задоволни од интересот и веќе започнавме со запишување на децата. Има многу родители кои се заинтересирани за целодневна настава, предност за тоа имаат родителите од нашиот регион. На крајот, ако останат места и за учениците од други региони за целодневна настава, ќе ги примиме, бидејќи интересот е преголем за ваква настава“, рече психологот Бектеши.

Запишувањето во прво одделение за 2023-24 година ќе трае до крајот на мај. Исто така, запишувањето може да се направи и онлајн, преку порталот uslugi.gov.mk каде родителите или старателите треба да пополнат пријава, да го изберат училиштето и да ги приложат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува датумот на кој ученикот треба да оди на разговор со педагогот во училиштето. Меѓу другите услови за запишување е детето да има наполнето шест години до крајот на календарската година. Детето може да се запише во прво одделение и ако до 31 јануари следната година има шест години, по претходно барање на родителот и мислење добиено од наставникот или психологот во училиштето.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button