ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започнаа градежните работи на Коридорот 8

Започнаа градежните работи на Коридорот 8

Започнаа работите на првиот дел од Коридорот 8, патната оска од Тетово до Гостивар, која ќе биде во вредност од над 90 милиони евра, а во должина од 17 километри. Првата оска на Осмиот коридор од Тетово до Гостивар, ќе биде со шест ленти, од кои две ќе бидат помошни, а се планира да биде завршена за две години. Премиерот Мицкоски рече дека денеска од ова место се праќа најсилниот одговор на оние кои со години ветуваа, а ништо не реализираа.

Advertisements

„Денес, наместо фотоапарати, бучат звуци од камиони и багери. Ние не снимаме реклами, туку ја градиме иднината, патишта за луѓето. Коридорот 8 е повеќе од пат, тој е европска артерија која го поврзува Јадранот со Црното Море, во срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна, Македонија гради свој дел и ја носи Европа на Балканот и Балканот во Европа. Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полог на крстопат на можности и инвестиции, работни места, скратување на патот помеѓу Скопје, Охрид и Струга„, рече Изет Меџити Вицепремиер.

Почетокот на работите ја поздрави и американската амбасадорка во земјата, Ангела Агелер.

„Ова е долгоочекувана иницијатива за сите оние кои со години го чекаат овој проект. Затоа, многу ми е драго што сум тука, особено да ги слушнам и видам делата на Џош и неговиот тим, Бектел и Енка, Владата, дека многу од овие очекувани работи се случија во последниве месеци. Ова не е важно само за инфраструктурата и економијата на оваа земја и регионот, туку е и важен коридор за НАТО, така што улогата на овие важни патишта не може да се потцени“, рече Ангела Агелер, Амбасадор на САД во Северна Македонија.

На овој настан за прв пат откако им се разделија патиштата беа водачите на ВЛЕН. Но, Изет Меџити, Арбен Таравари и Билал Касами денес не ни си подадоа рака да се поздрават, и стоеа далеку еден од друг./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button