Започнаа подготовките за свадби – раздвижено во Скопската чаршија

Подготовките за свадби веќе започнаа. Раздвиженост се забележува кај трговците кои продаваат златен накит, свечени фустани и други работи кои се потребни за овие настани, Златарите велат дека за разлика од предкризниот период, сега се купуваат само најосновните работи, за да се одржи традицијата без да се оптовари семејниот буџет.
„Секако дека постои интерес, но постојат две работи, желба и можности. Претходно овој процес беше многу повеќе сензационален, со поголем интерес за многу работи, во последно време тие ги минимизираа сите работи, и сега се оди само со работите што се поосновни, односно со свадбени бурми, прстен, комплет од 3 дела…. “, вели Неџмедин Буши, претседател на Златарите во Комората на занаетчии.
Претседателот на Златарите во Занаетчиската комора, Неџмедин Буши, вели дека заминувањето на младите луѓе во странство остава видливи траги во нивниот бизнис. Додека продавачите на свадбен накит велат дека пост пандемичното закрепнување е започнато, нивото на продажба сé уште не е на исто во споредба со периодот пред пандемијата.
“Од пред пандемијата и сега имавме многу пад, за 40%, но сега сме во ред, не сме како во 2021 година, веќе има подобра посетеност…Сезоната е веќе започната, таа завршува во 9 или 10-месец”, вели еден продавач на накит.
Трговците на невестинска облека велат дека продажбата се намалува со текот на годините. Тие се подготвени за свадбената сезона и велат дека веќе има раздвижување..
“Сега продажбата започна, иако кризата и натаму е присутна и нема продажба како порано, но сепак е добро. Ги гледаат цените кои се поевтини. Тоа зависи од човекот“, вели еден продавач на свечени фустани.
Според неофицијални пресметки, по неколку милиони евра се трошат за свадби секоја година во Македонија.
Ајнур Бафќари