ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започнува постапката за набавка на терминалите за отпечатоци од прсти за локалните избори

Во средината на мај Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја започне постапката за јавна набавка на интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите што треба да се примени на локалните избори предвидени за втората половина на октомври. За таа цел Владата одобрила 720 милиони денари за што преку Министерството за финансии ја известила Комисијата која на денешната седница ги усвои измените на планот за јавни набавки и за почетокот на набавка на терминалите.

Advertisements

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, на седницата информираше дека во мај ќе почне постапката за јавна набавка на интегрираниот систем за биометриска идентификација на гласачите и оти проценета вредност на договорот е 720 милиони денари. Според Шеху, останатите постапки ќе почнат во јуни и јули, а таа верува дека до средината на август ќе бидат спроведени сите постапки и склучени договори за локалните избори.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button