СВЕТ
Започнува сезоната на прогласување на добитници на Нобелова награда

Годинашната сезона на Нобеловата награда започнува денеска со објавување на лауреатите за медицина, а имињата на добитниците за физика, хемија, литература и мир ќе бидат објавени во текот на целата недела. Минатата година Нобеловата награда за медицина им припадна на Американците Вилијам Каелин и Грег Семенза, и Британецот Питер Ратклиф за истражување за прилагодување на клетките на променливото снабдување со кислород, што е важно во борбата против ракот и анемијата. Како што беше претходно најавено, името на лауреатот за физика ќе биде објавено во вторник, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок за мир.