ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започнува светиот месец Рамазан

Започнува светиот месец Рамазан

Верниците го започнуваат светиот месец Рамазан. Во секое муслиманско семејство, овој месец носи бескрајни радости и благослови. Според теологот Сабаатин Нухију, Рамазан е златна можност за секоја личност да се промени, да ги почитува заповедите на Алах и да се тргне од тоа што е забрането. Нухију, исто така, објасни за Алсат како еден муслиман треба да постапува за успешен Рамазан. Тој додаде дека муслиманите треба да се воздржат не само од храна и пијалоци, туку и од други постапки.

Advertisements

„Во овој благословен месец Рамазан мора да постат и нашите екстремитети и сетила. Да си забраниме да го гледаме она што е забрането , да не лажеме , да не кажуваме непристојни зборови, да се воздржиме од лоши навики. Верникот треба да биде љубезен и да се обиде да возврати на злото што му е направено на најдобар начин“, рече Сабааутин Нухију, теолог.

Теологот Сабаатин Нухију потсетува дека месецот Рамазан не треба да биде причина за нецелосно спроведување на работното време во различни институции, вклучувајќи го и наставниот процес.

„Со оглед на вредноста што ја има работата и наставата на која сме должни да и оддадеме почит, особено во овој месец треба да бидеме уште поактивни. Нека не биде пречка, уште еднаш повторувам дека како што ни стана навика или можеби некој наоѓа причина дека сум со Рамазан и треба да одмараме сега колку што е можно повеќе или треба да задоцниме на училиште, но не. Нека овој благословен месец нѐ направи поактивни и да се концентрираме на нашата работа за да можеме да бидеме пример за другите“, додаде Сабааутин Нухију, теолог.

„Мислите дека ќе имате мали проблеми да станете наутро за да одите на училиште? Не, воопшто немам потешкотии, редовна сум на училиште, дури мислам дека е полесно“, рече една ученичка.

Теолозите потсетуваат дека иако Рамазан оваа година трае само 29 дена, неговите вредности и учења можат и треба да траат во текот на целата година. Рамазан не е само период на жртвување, тоа е можност да бидеме подобри, поскромни и почувствителни кон светот околу нас./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button