
По бројните најави дека ќе бидат ангажирани 300 приватни специјализанти, од денеска започна тестирањето Ако го поминат филтерот, ќе добијат решенија за вработување. Министерот за здравство рече дека преостанатите 300 работни места ќе бидат пополнети до крајот на оваа година.
„Се тестираат 89 приватни специјализанти, кои мора да бидат вработени во 13 универзитетски клиники. Во понеделник се тестираат на Медицинскиот факултет во Тетово, следната недела повторно имаме тестови тука, но и во други центри во Штип и други градови. Сигурен сум дека на крајот на следната недела ќе завршат првите 300 специјализанти , ќе го положат тестот и потоа ќе дојде до добивање решенија“, рече министерот за здравство, Арбен Таравари.
Иако добивањето на решенија за вработените со договор на дело беше најавено за март, директорот на Фондот за здравство рече дека овој процес е пролонгиран бидејќи нивната систематизација одзела повеќе време. .
Таравари зборуваше и за конкурсите на лекарите кои сакаат да продолжат со специјализации,.Тој рече дека од нивна страна оваа постапка е завршена сега останува на клиниките да отворат конкурси.
Линда Ебиби