Започнува уписот на првачиња во основните училишта низ целата држава
Започнува уписот на првачиња во основните училишта низ целата држава

Овие две петки, напишани на малите рачиња, покажуваат дека Маиса и Бати успешно го поминале разговорот со психологот и се веќе прифатени во прво одделение. Желбата за нови знаења ги натерала овие две дечиња однапред да ги научат броевите до 100, неколку букви од албанската азбука и многу кратки песнички.
„Јас многу сакам да одам во училиште затоа што имам другарки и другари. Знаеш ли да броиш? Да. До колку? До 100. Број до 10… 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10…“, рече едно дете.
„Маиса, знаеш ли некоја буква? Да. Кои? A – сладолед, B – желка, C – јарец, F – пеперутка. Знаеш ли некоја песна? Да…“, рече едно дете.
Наставничката со децениско искуство во образованието, смета дека децата не треба однапред да знаат да читаат и пишуваат пред да започнат во прво одделение. Според неа, тоа би можело да доведе до монотонија и губење на интерес за останатиот дел од наставната програма.
„Во однос на читањето – децата не треба да го учат пред да почнат во прво одделение, бидејќи ќе има монотонија во учењето. Но, треба да се подготват на друг начин – да знаат да држат молив, да ги препознаваат некои букви што ќе ги научат однапред во градинка. Да знаат барем да го напишат своето име. За ориентација на линиите, насоката на пишување – ние сме тука, но треба да знаат да држат молив, да не излегуваат од линиите – тоа лесно се учи во градинка“, рече Флорије Ќороли, наставничка.
Запишувањето на ученици во прво одделение за учебната 2025/26 година трае до крајот на мај. Во прво одделение може да се запишат сите деца кои до 31 декември 2025 ќе наполнат 6 години.Потребни документи за запишување се: копија од извод од матична книга на родени, потврда за примени вакцини, потврда од стоматолог, потврда од офталмолог и лична карта на родител или старател./Алсат.мк
Мелихате Рустеми