Засега кај нас нема евидентиран случај со птичји грип

Фармерите не се плашат од ширење на птичјиот грип кај нас. Велат дека селските кокошки се отпорни на вирусот Х5-Н1. Некои велат дека ја вакцинираат живина, а трговците уверуваат дека поседуваат соодветни лиценци. Но, за разлика од фармерите, ветеринарите стравуваат дека ширењето на птичјиот грип може да предизвика епидемија која може да се прошири и кај луѓето.
“Нема проблем за оние од село, овие другите што се затворени во кокошарник и не ги фаќа сонце, може да имаат проблем. Дали ги вакцинирате со ветеринар? Не, не! Државата ниту ти помага, ниту ти дозволува да продаваш”, Граѓанин
“Како не се здрави, природни се. Кокошката не се храни со вештачки концентрати”,Граѓанин
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека во моментов не е констатиран ниту еден случај на птичји грип. Агенцијата секојдневно ја следи состојбата на болеста во соседните земји и светот.
„По појавувањето на два изолирани случаи на заразени диви птици во февруари годинава во Штип и Скопје согласно утврдените оперативни процедури, засилени се надзорите и мерките за контрола…”, изјаваат од Агенција за храна и ветеринарство
Птичјиот грип е вирус кој главно ги погодува птиците, но може да ги зарази и луѓето, најчесто оние кои подолго време биле во контакт со заразени птици. /Алсат.мк
Аднан Ќаили