ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Засега нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари на Родос

Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега, според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина.

Advertisements

Според информациите на МИА амбасадорката на Северна Македонија во Грција е во постојан контакт и со нашето МНР и со грчките надлежни органи.

Во Министерството за надворешни работи на Грција од вчера е активирана Единицата за управување со кризи, а персонал од Министерството заминува на островот, каде што од 17 часот попладнево на аеродромот на Родос ќе се отвори „Help desk“ за, во соработка со амбасадите, да го олесни заминувањето од островот на странските државјани кои ги загубиле нивните патни исправи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button