ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Засега нема вакцинација со Астра-Зенека за граѓани под 60 години, пријавен случај на тромб

Со Астра Зенека нема да се вакцинираат лица на возраст под 60 години. Во некои европски земји има случаи на згрутчување на крвта кај граѓани под таа возраст.
И кај нас е регистриран таков случај. Станува збор за 28-годишна девојка која била вакцинирана во Србија, кај која згрутчувањето на крвта настанала по нешто помалку од една недела потоа. Таа во моментов е во болница.
Планираните 4.000 дози за полицајците, армијата, новинарите, вработените во Обвинителството и судовите, возачите на јавни автобуси, воспитувачките во градинките, за вработените на патарините ќе бидат дадени само откако германските и канадските власти и европската Агенцијата за лекови ќе излезе со конкретни препораки и резултати.
Вјолца Алити