Засега ништо од ветената дневна евтина струја
Засега ништо од ветената дневна евтина струја

Граѓаните од први јули најверојатно нема да користат дневна евтина тарифа за струја како што првично најавуваше власта. Регулаторната комисија и ЕВН Хоум сè уште не можат да се договорат колку време ќе биде потребно за да се наместеле сите броила во земјава. Причината се воведените блок тарифи кои, според претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски, на ЕВН му го отежнувало просецот на подесување на броилата. Пред воведувањето на тарифите, на ЕВН за тој процес ѝ требале само два до три месеци.
„Според тие информации кои што ни ги кажуваа операторот тоа го прави надворешна фирма која не е од Македонија и за тоа им било потребно далеку повеќе време, но разговараме со нив да си го решат тој проблем…“, изјави Марко Бислимовски- Претседател на РКЕ.
Следната недела се очекува Регулаторна да објави која ќе биде новата цена на струјата од први јули до крајот на годинава. Државните електрани сè уште не ги доставиле пресметките до Владата која потоа треба да пресече по која цена ЕСМ ќе ја продава произведената струја. Вицепремиерот Битиќи не очекува граѓаните да имаат зголемени сметки.
„Ние ќе ги исполниме сите предуслови неопходни за да се врати тоа што сметаме дека граѓаните треба да го имаат. На крај, регулаторот е тој што кажува и за финалната цена, а јас најавив дека не очекувам поскапување“, рече Фатмир Битиќи – Вицепремиер задолжен за економски прашања.
Она што засега сигурно се знае е дека за потрошената електрична енергија од први јули граѓаните ќе плаќаат зголемено ДДВ од 10 на 18 проценти.
Андреа Чобанова