
Во пресрет на велигденските празници, кога потрошувачката на храната значително расте, Агенцијата за Храна и ветеринарство, покрај редовните инспекциски контроли, ќе продолжи и со вондредни, засилени контроли во текот на наредните денови. Со цел да ја контролира безбедноста на храната, тие додаваат дека секоја манипулација од страна на операторите со храна, ќе биде ригорорзно санкционирана.
„ Во услови на зголемена побарувачка на храна поради претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите производи, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните“, велат од Агенција за Храна и ветеринарство.
Граѓаните велат дека често се случува во маалските продавници да купат производ со поминат рок или расипан, дел од нив велат дека откако ќе го купат производот и забележат поминат рок или е расипан, не сакаат да им го вратат во назад.
„Ви се случило ли некогаш во маркетите да ви продадат нешто со пројден рок? – Како не многу пати.Не не, се заборава, се подмачкува, па вака било па така било “, рече еден граѓанин.
„Се случува, се случува често, тоа повеќе се случува во маркетите или во локалните продавнички?- тие ситните продавнички онадуваат, прикриваат. Ви го враќаат назаад тој производ?- јас да ти кажам некако ми доаѓа одвратно да одиш и да се ценкаш или ќе пречутам и си велам друг пат не идам и така“, додаде друг.
„Па и во маркети и во маалска продавница ми се има случено со поминат рок. Кога сакате да го вратите назад ви го враќаат? – Не сум го враќала. Зошто- Поради тоа што немам време, и да одам и враќам и да се расправам и докажувам“, нагласи друг граѓанин.
Вчера, во спроведени 350 вондредни инспекциски контролиза на територијата на целата држава за нелегално пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија за истата, Агенцијата за Храна и ветеринарство напишала казни во висина од речиси 3650 евра. По спроведените контроли тие уништиле 1230 килограми небезбедни производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи./Алсат.мк
Ангел Димовски