МАКЕДОНИЈА

Засилени контроли на терен на градските комунални редари

Град Скопје соопшти дека неговите комуналните редари периодов вршат засилени контроли на терен, при што се изречени 32 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари, како што се посочува, вршат и вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.

Advertisements

Од Градот Скопје информираат дека го продолжуваат засилениот инспекциски надзор на јавните површини и неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Викендов, како што се истакнува, е забележано намерно уништување на садовите за отпад и расфрлање на отпадот од несовесни поединци.

Од Град Скопје апелираат граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат садовите за отпад поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одржување на јавната хигиена.

Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз садовите за отпад и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти, потенцираат од Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button