ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Засилени полициски контроли, 168 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 14 санкции за некористење на сигурносен појас, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон и 7 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 45 мерки за непрописно паркирање и 51 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 12 санкции.

Advertisements

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button