ВЕСТИСВЕТ

Застрелан ученик во училиште во Шведска

Во училиштето во Трангсунд, јужно од Стокхолм, е застрелан еден ученик, а осомничениот е уапсен, соопшти денеска шведската полиција.

Advertisements

Повредениот ученик е свесен и може да зборува, а со возило на брза помош е пренесен во болница.

Според информациите на шведскиот портал Афтонбладет, пукањето се случило во училишниот тоалет, а напаѓачот е уапсен под сомнение за обид за убиство.

„Ние сме на лице место, во моментов не можам да кажам повеќе од тоа“, изјави портпаролката на полицијата Хелена Бостром Томас. Полицијата во моментов работи на обезбедување докази и сослушување сведоци, пишува шведскиот портал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button