ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затвор за Миле Јанакиески за случајот „Сончев град“

Нови три и пол години затвор во досието на екс – министерот за транспорт, Миле Јанакиески. Него кривичниот суд го осуди за случајот „Топлик“ кој го отвори згаснатото СЈО за продажбата на плацовите за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште. Јанакиески иако од Комисијата за јавни наддавања при Министерството за транспорт добил записник дека не се исполнети условите за објава на јавно наддавање, сепак тоа го игнорирал, па составил нова Комисија. Од неа побарал да објават постапка за јавно наддавање на 603 градежни парцели државно земјите.

„…Со ваквото свое однесување, обвинетиот покажал став дека како функционер е над законот, со што ги урнал темелите на правната држава и ја уништил довербата на граѓаните во институциите и власта“, рече судијата Осман Шабани.

Затвор од три години доби некогашниот претседател на втората Комисија за јавни наддавања, Томе Ѓурчилов. Другите четворица обвинети кои биле членови на истата комисија, добија условна казна.

„….Обвинетите знаеле и требало да знаат дека со своето однесување го прекршуваат законот и злоупотребата требало да ја пријават. Но, очигледно е дека поради хиерархиската поставеност се плашеле поради и што постапиле по усното барање на министерот“, рече судијата Шабани.

Обвинителството ќе се жали за една од пресудите.

„Најверојатно може да се жалам за еден од обвинетите, за којшто не сум задоволен од изречената казна. А, тоа е лицето Димитар Димовски…“, рече обвинителот Бурим Рустеми.

Одбраната најавува жалби пред Апелација.

„Денеска македонското правосудство виде како одреден предмет брз основа на одредени инструкции , еве наједноставно можам така да се изразам, може на крајот да биде доведен до завршница којашто ќе финализира со осудителна пресуда“, изјави Панче Тошковски, адвокат на Димитар Димовски.

Јанакиески, претседателот на Комисијата за јавни наддавања и нејзините членови се обвинети за злоупотреба на функцијата. Тие го оштетиле буџетот за околу милион евра.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button