МАКЕДОНИЈА

Затвор за седум лица од т.н. група од Гази Баба поради шверц на дрога

Седум лица припадници на така наречената група од „Гази Баба“ осомничени во предметот „Планина“, го признаа делото неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Двајца се осудени на по четири години и шест месеци, еден на четири, додека четворица добија по три години. Според обвинителството, групата набавувала дрога, која потоа ја препродавала на купувачи од Скопје.

Advertisements

Дополнително полицијата им заплени и еден автомобил, 18 мобилни телефони, таблет, ланец со кралска плетка, готовина пари и 21 пакување кокаин во тежина од по 10 грама. Седуммината веќе се упатени во затвор. За останатите осомничени дилери на дрога од село Грчец, истрагата била во тек. Во март годинава, полицијата соопшти дека уапсила 22 лица од Грчец, Чаир, Сарај и Ченто поради сомнеж за трговија со дрога.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button