ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Затворен преминот „Богородица“ – избувна пожар на грчката страна од границата

Избувна пожар на само неколку метри од граничниот премин „Богородица“ од грчата страна. Во моментов, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР) во прекин е сообраќајот преку овој граничен премин.

Први на терен пристигнале пожарникарите од Гевгелија, со цел да интервенираати да не се прошири пожарот и на македонската страна од границата.

Advertisements

Од грчка страна, пак, како што пишува грчкиот весник „Прототема“, на терен се 22 пожарникари и 10 возила.

„Патот кон граничниот премин ‘Евзони‘ е затворен, а сообраќајна полиција го пренасочува сообрајот“, пишува весникот.

Според информации од грчките медиуми, гори ниска вегерација, со шумски делови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button