ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска.

Advertisements

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025, Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како што истакна, двете страни се учесници и треба да одговараат зашто сториле криминално дело.

-Јавна тајна е, луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг, дека се стекнале со такви дипломи, но, како што кажав, тешко се докажува оти едната и другата страна е учесник, и двете страни треба да одговараат, тоа е криминално дело. Но, бидејќи е и јавна тајна и бидејќи имаме инструменти со кои можеме да провериме каков е квалитетот на образованието во одредени високо-образовни институции, ние тоа го правиме. Има недоречености во Законот, има нешта во минатото што не се направени, на пример евалуации од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование. За да можеме да го затвроиме процесот, мора да направиме измени во законите за високо образование, за АКВО, за научно-истражувачка дејност, за иновации,… Она што ни го дозволува Законот за наука, тоа го спроведуваме. Можеме легално да затвораме институти и затворивме 13, уште 13 се под силен мониторинг. Ќе видиме колку од нив ќе бидат затворени. Затворивме и една медицинска струка, сега ќе затвориме втора. Се уште го докомплетираме процесот зашто не би сакала да не биде процедурата како што треба. Ќе го докомплетираме и ќе продолжиме во иднина во тој правец, истакна Јаневска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button