ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затворениот базен во Охрид ја дели судбината на автопатот

Затворениот базен во Охрид, ја дели истата судбина со автопатот Кичево-Охрид. Цели осум години се гради овој спортски објект, а власта само дава ветувања, но објектот пропаѓа, а повеќе од една година овде нема никакви градежни активности. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, сега ветува дека базенот ќе бил готов до септември. Претходно рокот беше до крајот на минатата година.

Advertisements

„Имавме проблеми со изведувачот. Не по наша вина, најверојатно по негова. Веќе се најдоа нови подизведувачи. Почнуваат од 7-10 јануари. Потпишавме договор и ветуваат дека до септември месец ќе биде завршен. Газдата на фирмата која го доби тендерот 2015 беше во притов, му беа завршени сметките и неможеше да извршува работи. И најдовме под изведувач“, рече Мојсоски.

Досега за базенот се платени 4,8 милиони евра, а завршени се околу 70 посто од работите. Колку пролонгирањето на роковите дополнително ќе го оптовари буџетот не се знае.

„Општина Охрид има капацитет да стопанисува со објектот, но после три пролонгирања на роковите за градба,базенот ќе ја доживее истата судбина како автопатот Кичево-Охрид“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

„Не само за нас спортските клубови и спортските работници туку и општо за граѓаните на Струга и Охрид како градови на вода ова е од огромно значње за развој на спортот, на пливањето, на триатлонот, на ватерполото и за развојот на младите да не одат по лоши патишта да бидат насочени на здрав живот, спорт и рекреација“, рече Никола Кутаноски, тренер по пливање.

Охридскиот базен почна да се гради во 2015 година во времето на Никола Груевски и првично требаше да биде готов за 30 месеци.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button