ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зависноста на децата од смартфоните, сè позагрижувачка

И покрај придобивките и леснотијата во комуникацијата, прекумерната употреба на социјалните мрежи предизвикува низа негативни појави кај младите, особено кај децата. На дебата за менталното здравје на младите низ призма на социјалните мрежи, експертите коментираа дека најголем процент од младите не ги испуштаат мобилните од раце, па како резултат на тоа се соочуваат со последици како несоница, анксиозност, па дури и депресија.

Психијатрите пак, нагласуваат дека за време на пандемијата имало и позитивни страни од социјални мрежи, но нивното прекумерно користење потоа предизвикало големи тешкотии во интелектуалниот развој.

Министерството за внатрешни работи пред неколку дена соопшти дека нема точен број колку деца или млади настрадале од опасни игри на социјалните мрежи, бидејќи овие случаи не се пријавуваат како такви, туку како несреќи.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button