ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завод за статистика објасни како ќе се регистрира дијаспората од страна на роднините

За лица кои живеат во странство подолго од 12 месеци или живеат во земјава, но не се присутни за време на пописот, податоците за етничката, верската и јазичната припадност ќе може да бидат обезбедени од блиска роднина кој ги знае најдобро нивните податоци.  Ова го потврдуваат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами, неколку дена откако во јавност имаше нејаснотии за можностите што произлегуваат од законот и методологијата за попис.

Advertisements

Конечно, лицето кое ќе обезбеди информации за некој друг, како доказ е доволно да поседува матичен број на лицето кое се попишува, без потреба од кој било друг документ. Исто така, лицето кое ќе обезбеди информации за некој друг, како доказ за автентичноста на податоците, ќе треба да го обезбеди неговиот матичен број. Во случај на лажни податоци, намерно внесени, лицето ќе сноси правна одговорност.

Но, еден месец пред почетокот на пописот на терен, поточно со почеток од 1 март, граѓаните што живеат во странство подолго од 12 месеци, ќе можат да се регистрираат лично, по електронски пат, преку апликацијата што ќе биде достапна од Заводот за статистика и ќе трае до конечното затворање на попсит, на 21 април.

Апликацијата, преку матичен број, ќе детектира лица за кои ќе се изврши двоен попис, и електронски и лично од роднина што живее во земјава. За овие случаи, Статистика вели дека податоците ќе бидат земени од каде што тие се поцелосни и точни.

Пописот, целосно како операција, ќе се изврши преку комбинација на теренскиот метод и вкрстена проверка со базите на податоци на 10 институции.

Пописот од куќа до куќа ќе се одржи од 1 до 21 април. Попишувачите ќе користат опрема со посебен софтвер за кој Дирекцијата за заштита на личните податоци обезбедува механизми за заштита.

Покрај населението, ќе бидат регистрирани и домаќинства и станови.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button