ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завршена експертизата на кобната делница на автопатот „Струма“ во Бугарија, еве што е констатирано

Според спроведеното вештачење на автопатската делница кај „Струма“ во Бугарија, фактори кои довеле до автобуската несреќа што се случи во ноември минатата година се „неправилности и пропусти на автопатот „Струма“. Се очекува вештачењето денеска да биде доставено до судот во Перник, пренесува btnovinite.

Advertisements

„Со експертизата се констатирани два вида дефекти кои постојат на делницата. Вештачењето изврши увид на 3 км. пред местото на несреќата констатирајќи инфраструктурни прекршоци. Прво, Агенцијата за патна инфраструктура (АПИ) дозволила одредени неправилности да постојат уште со изградбата на делницата. Второ, АПИ дозволила да се компромитираат одредени елементи од инфраструктурата, што е во директна причинско-последична врска со инцидентот“, изјави адвокатот на дел од жртвите Николај Димитров.

Тој објасни дека т.н „мачкини очи“ покрај заштитната ограда на 3 км. делот пред несреќата или ги нема или имаат шест пати помала рефлексија на светлината. Николај Димитров го посочи и непостоењето на сообраќајни знаци на местото на несреќата.

„Не негираме, виновен е и возачот, но немал ориентација каде е на патот. Ова е смртоносен дел, додека некој не оди во затвор, ова нема да се смени“, додаде адвокатот.

Тој изјави дека ќе бараат заедничко осудување на АПИ и претставникот на македонскиот осигурител за Бугарија. Побарувањата ќе се поднесат во софискиот градски суд од наследниците на жртвите во несреќата.

Потсетуваме дека во ноември 2021 година во автобуска несреќа на автопатот „Струма“ загинаа 46 туристи од Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button