ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми

Заврши тричасовната јавна расправа на кои беа презентирани аргументите и доказите на Судскиот совет но и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Advertisements

Во иницијативата за одговорност има две точки – Непојавување на седници на судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервју на Адеми во кое говореше за политички на притисоци, односно нејзиниот одговор дека нема да се појави во Судскиот совет, иако била поканета да зборува за  нејзините наводи за притисоци.

Подносителот на претставката Миљазим Мустафа, кажа дека согласно Кривичниот закон, имало и можна кривична одговорност казнива со затвор, односно за фактот дека наводните притисоци биле попречувње на правдата.

Во рок од три дена се подготвува извештај што ќе биде доставен до членовите на Судскиот совет и Беса Адеми, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде побарано одговорност или пак ќе биде сопрена постапката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button