ВЕСТИРЕГИОН

Србија – Заврши седницата на Советот за безбедност, се очекува обраќање прад јавноста

Седницата на Советот за национална безбедност на Србија штотуку заврши, пренесува српски „Спутник“. Како што се наведува во текстот, наскоро се очекува обраќање на некој од присутните.

„Танјуг“ пренесува дека на средбата се разговарало за актуелната ситуација и можните мерки што Србија ќе ги преземе во оваа ситуација, за кои претседателот Вучиќ синоќа рече дека ќе бидат економски и политички, но пред сѐ економски.

Седницата на која присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ, министрите Небојша Стефановиќ, Александар Вулин, началникот на Генералштабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ, директорот на БИА, Братислав Гашиќ траеше нешто помалку од два часа.

Претседателот Вучиќ закажа итна седница на Советот откако властите во Приштина вчера наутро започнаа со одземање на регистарски таблички од северот на Косово.

Локалните жители од северот на Косово и Метохија беа вознемирени од ваквите потези и затоа  организираа мирни протести во Јариње. Тие ја поминаа ноќта таму и како што велат, немаат намера да се разотидат додека Приштина не ги повлече новите мерки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button