Заврши средбата Заев-Ахмети, Владата ќе соопшти што дискутирале

Bо Владата заврши средбата меѓу премиерот во заминување, Зоран Заев и претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети.
Покрај Заев и Ахмети, на средбата присуствува и новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вицепремиерот Љупчо Николовски, поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, како и првиот вицепремиер Артан Груби.
По средбата немаше изјави за медиумите, а од Валдата информираа дека ќе испратат соопштение за тоа што се дискутирало меѓу Заев и Ахмети.
Пред оваа средба, Ахмети се сретна и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека тие дискутирале за спорот со Бугарија, како и за можноста за организирање предвремени парламентарни избори.
„Изразив загриженост од фактот дека колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции толку повеќе барањата од Бугарија се поголеми и на тој начин се уништува преговарачката позиција на државата“, изјави Мицкоски по средбата со Ахмети.