Заврши учебната година, учениците на распуст до септември

На последниот ден од учебната година, атмосферата во училишните дворови не беше како онаа на која сме навикнати секојдневно. Малкуте ученици кои денес беа на училиште или ги враќаа старите книги и земаа нови, или се поздравуваа со своите наставници.
Според Фиторе Ќирези, директорка на основното училиште „Адем Јашари“ во Чаир, најголемиот предизвик што секоја година се зголемува за наставниците е претераната употреба на технологијата од страна на новите генерации. Но, пред сè, вели Ќирези, оваа учебна година била успешна.
„Во училишниот правилник е забранета употребата на мобилни телефони од страна на учениците, но, секако, без целосно забранување на технолошката комуникација. Ова беше најголем предизвик со учениците, кои се насочени кон технологија или употреба на телефони. Но, ова е јазик на комуникација во целиот свет и не можеме целосно да го забраниме“, вели Ќирези.
На последниот ден од учебната година, од Министерството за образование и наука велат дека продолжуваат со унапредување на образовно-воспитниот систем и работат на нова образовна стратегија, за создавање услови за едносменско работење и продолжен престој на учениците во што е можно повеќе училишта. МОН исто така наведува дека работи на подобрување на инфраструктурните услови, унапредување на наставните програми и учебниците, како и забрзување на процесот на дигитализација.
Авни Тахири