МАКЕДОНИЈА
Заврши учеството на македонската Армија во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. „Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка’ во Авганистан“, соопшти Министерството за одбрана. Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови.