СВЕТ

Завршија преговорите за прекин на огнот во Газа, нема договор меѓу Израел и Хамас

Преговорите за прекин на огнот меѓу Хамас и медијаторите прекинаа денеска во Каиро без никаков постигнат резултат, иако останаа само неколку дена да се прекинат борбите пред почетокот на светиот месец за муслиманите – Рамазан, пренесува британски „Гардијан“.

Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, изјавил дека екстремистичката организација го претставила својот предлог-договор за прекин на огнот на посредниците, како и дека сега чекаат одговор од Израелците.

„Нетанјаху не сака да се постигне договор. Сега топката е на теренот на Америка со цел да изврши притисок врз него“, рече Наим.

Израел одбил јавно да ги коментира разговорите во Каиро.

Но, официјалните лица рекоа дека Израел не испратил делегација на разговорите во Каиро бидејќи бараат Хамас да претстави список од 40 заложници кои ќе бидат првите што ќе бидат ослободени како дел од примирјето што првично е планирано да трае трае шест недели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button