
Трилатералниот состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина заврши, пренесува турската агенција Анадолу.
САД беа претставени од државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот во Турција Том Барак и специјалниот претставник за Украина, генерал Кит Келог.
Во делегацијата на Украина беа вклучени Андриј Јермак, шеф на претседателската канцеларија, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.
Трилатералниот дијалог е фокусиран на мирно решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Трилатералниот состанок меѓу Турција, Русија и Украина, кој треба да се одржи на истата локација, е закажан да започне во 12:30 часот.