ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завршија стручните дебати за измените во законот за судски совет

Завршија стручните дебати за измените во законот за судски совет

Со денешната дебата во Врховниот суд, заврши процесот на стручни расправи за законските измени на законот за судски совет. Судиите од апелационото подрачје Скопје денеска собрани во Врховен разменуваа свои мислења и ставови за предложените измени, а министерот за правда Игор Филков истакна дека е задоволен од дадените предлози на судиите. Сепак, тој вели дека законот е важен, но уште поважна е неговата примена.
„ Верувам дека ќе добиеме соодветно законско решение коешто ќе ја постави основата за ефикасно функционирање на судскиот совет. Го истакнувам ова поради тоа што законот е само основата, но судскиот совет како тело е потребно да го врати легитимитетот, професионалноста, интегритетот со правилна примена за законските норми„, рече Игор Филков, министер за правда.

Advertisements

Претседателката на Врховен Беса Адеми рече дека овој суд секогаш давал придонес во потребни законски измени во правосудството, па поради тоа истакна дека е значајно што оваа дебата денеска се одржа токму во овој суд. Според неа, новите со новиот закон мора да се гарантира независноста и непристрасноста на судскиот совет.

„Токму начелата на независност на судството, отчетноста, заштитата на угледот на судството, интегритетот на судиите, заштитата од несоодветните влијанија, правната сигурност и секако принципите на европскиот суд за човековите права треба да се суштинската основа за законските измени„, рече Беса Адеми, претседателка на Врховден суд .

Новиот закон за судски совет треба да биде готов до јуни следната година, а работна група при Министерството за правда сега ќе треба да ги собере сите предлози дадени од судиите и да ги официјализира предлог измените на законот за судски совет. Потоа, законот ќе биде доставен до Владата, па до пратениците во Собранието. Покрај оваа стручна расправа, за новиот закон за судски совет свои мислења даваа и судии од апелационите подрачја во Штип, Битола и Гостивар. Предложените измени во законот кои ги подготви Министерството за правда вклучуваат промени во критериумите за избор на член на судскиот совет, а исто така предвидуваат и за избор на член свој предлог да може даваат и адвокатската комора, како и интеруниверзитетската конференција./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button