КОШАРКАСПОРТ

Завршниот турнир од Евролигата, титулата ќе ја брани Реал

Од денеска до недела во Берлин ќе се одржи завршниот турнир од Евролигата. Титулата ќе ја брани Реал кој лани по 11. пат стана европски првак, а и сега е најголем фаворит за трофејот. За неговиот трон ќе се борат три балкански екипи: Олимпијакос, Панатинаикос и Фенербахче.

Реал ја одигра најдоминантната сезона во Евролигата откако се игра во лигашки систем со 18 екипи. Почна со десет победи, прв обезбеди пласман во плејофот, а потоа ја исчисти Басконија со 3-0. Интересно е тоа што Реал не освоил две титули по ред во Евролигата уште од 1968 година, па сега ќе се обиде да го симне тоа проклетство кое трае повеќе од половина век.

Панатинаикос и Олимпијакос исто така се борат против лошите традиции. ПАО е првпат на завршниот турнир по ерата на Жељко Обрадовиќ која заврши во 2012 година, а Олимпијакос не бил континентален владетел од 2013. И за Фенербахче се застана кога си замина Обрадовиќ и овој тим чека на втора титула од 2017 година.

Вечерва први на теренот излегуваат Панатинаикос и Фенербахче, од 18 часот, а од 21 се среќаваат Реал и Олимпијакос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button